Вчерашното дерби од осумнаесетото коло на италијанската Серија А во кое се судрија милански Интер и Наполи го одбележаа повеќе немили настани, пренесуваат медиумите во Италија. Иако избраниците на Лучијано Спалети успеаа да издвојуваат победа со 1:0 над лутиот ривал, сепак настаните пред стадионот „Џузепе Меаца“ ги вперија погледите на светските медиуми во Милано.

Дури четри навивачи пред стадионот беа прободени со нож, додека еден навивач загина во сообраќајна несреќа. За време на натпреварот, дополнително ги загреаа страстите и расистичките навреди упатени кон одбранбениот играч на Наполи и репрезентативец на Сенегал, Калиду Кулибали.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина истакна дека поради синоќешните немили настани, постои можност за целосна суспенција на Серија А.

– Мора да размислиме за супензија на натпреварувањето. Ќе почекаме неколку моменти за да видиме што ќе направиме. Не сум психолог, но јасно е дека играчите на теренот беа нервозни. Она што се случи е многу сериозно. Ќе разговараме и со Министерството, па ќе донесеме одлука. Судијата ќе напише извештај, но ако се забележи дека и тој направил неколку грешки, и тој ќе биде под истрага – изјави Гравина.

Инаку, тренерот на Наполи, Карло Анчелоти по натреварот истакна дека неговиот клуб во три наврати побарал мечот да се прекине.