Во че­тврт-фи­на­ле­то, по­лу­фи­на­ле­то и фи­на­ле­то ќе се игра­ат по еден но­ка­ут-меч, во Келн, Ду­из­бург, Ди­сел­дорф и во Гел­зен­кир­хен, од 10 до 21 август, со фи­на­ле­то во Келн. Ре­ван­ши­те од ос­ми­на­фи­на­ле­то се пла­ни­ра­ни за 5 и за 6 август, или на пр­вич­но за­ка­жа­ни­те ме­ста или во Гер­ма­ни­ја

ФУДБАЛ

Европската фудбалска унија (УЕФА) вели дека нема план Б за сезонава на Лига Европа, што треба да заврши со осумтимски мини-турнир во Германија во август, пишува „Ројтерс“. За време на видеоконференцијата во средата, УЕФА и Германската фудбалска федерација (ДФБ) ја потврдија својата заложба за организирање на настанот во Германија, се вели во соопштението на раководното тело на европскиот фудбал. Лига Европа беше суспендирана во март поради пандемијата на коронавирусот.
– Двете страни ја истакнаа својата силна верба дека ќе бидат преземени сите мерки за да се обезбеди дека натпреварите ќе се организираат на безбеден начин – се вели во извештајот, пишува „Ројтерс“.

Во четврт-финалето, полуфиналето и финалето ќе се играат по еден нокаут-меч, во Келн, Дуизбург, Диселдорф и во Гелзенкирхен, од 10 до 21 август, со финалето во Келн. Реваншите од осминафиналето се планирани за 5 и за 6 август, или на првично закажаните места или во Германија. УЕФА соопшти дека двата дуела во кои не е одигран ниту првиот натпревар, Интер – Гетафе и Севилја – Рома, ќе се играат на 5 или на 6 август во Германија.

– Како и со осминафиналето од Лигата на шампионите во Португалија, нема потреба од план Б и за овој турнир во Германија – вели претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, пренесе „Ројтерс“.