Англискиот премиерлигаш Тотенхем го потврди трансферот на играчот од средниот ред на француски Лион, Тангај Ндомбеле, за 60 милиони евра, што претставува рекордна сума за финалистот од Лигата на шампионите.

Французинот (22) потпиша шестгодишен договор со Тотенхем и доаѓа откако Џек Кларк дојде од Лидс за освежување на Спарси, откако претходно 18 месеци немаа направено трансфер. Сумата може да достигне и до 70 милиони евра со бонуси и е целосна спротивност од минатото лето, кога тимот не купи ниту еден фудбалер.

Ндомбеле стана еден од најпосакуваните фудбалери од средниот ред по две одлични сезони со Лион и тој беше поврзуван со тимот на Манчестер сити, така што е вистински успех на тимот на Маурисио Почетино.

Ндомбеле стигна во Лион за само 8 милиони евра пред две сезони од Амиен, и имаше речиси 100 настапи за францускиот клуб во двете сезони, завршувајќи ја минатата сезона со 3 гола и 8 асистенции, а посебно импресионираше против Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Претходниот рекорд на Тотенхем беа 36-те милиони фунти кои ги платија на Ајакс за колумбискиот дефанзивец Дејвинсон Санчез пред две години.