На многу фудбалски ѕвезди од англиската Премиер-лига договорите им истекуваат летово. Давид Силва, Педро, Вилијан, Јан Фертонген, Давид Луиз, Рајан Фрејзер, Џо Харт, Бен Фостер… се некои што летово можат како слободни фудбалери да заминат од англиските клубови во кои играат, пишува британскиот „Индепендент“. Пазарот за слободни трансфери ќе биде конкурентен летово, бидејќи клубовите се обидуваат да ги зајакнат своите екипи додека избегнуваат големи трансфери за да ја ублажат финансиската штета на пандемијата на коронавирусот, пишува „Индепендент“.