Оливие Жиру (Челси) игра во извонредна форма во Лига Европа

Лаутаро Мартинез од Интер и Оливие Жиру од Челси блеснаа во првите мечеви од нокаут-фазата на фудбалската Лига Европа, користејќи ја приликата за настап во почетната постава на местото на големите ѕвезди во нивните тимови, Аргентинците Мауро Икарди и Гонзало Игуаин, кои вообичаено се стартери. Икарди не беше во составот на Интер, додека засилувањето на Челси во јануарскиот преоден рок, Игуаин, го помина мечот на клупата за резерви.

Мартинез го постигна победничкиот гол за Интер на гостувањето против Рапид Виена 1-0, реализирајќи пенал на неговото деби во натпреварувањето. Оливие Жиру, пак, беше стрелец на решавачкиот гол за Челси во триумфот над Малме 2-1 на гости. Корпулентниот центарфор петти пат ја затресе противничката мрежа на последните четири настапи во Лига Европа.

Македонските интернационалци, Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон) и Аријан Адеми (Динамо Загреб), вечерва претрпеа порази од Вилјареал 0-1, односно од Плзен 1-2. Фенербахче на Елиф Елмас славеше против Зенит со 1-0, во вторникот.


Шеснаесеттинафинале, први мечеви

Завчера
Фенербахче – Зенит 1-0
Вечерва
БАТЕ – Арсенал 1-0
Галатасарај – Бенфика 1-2
Краснодар – Баер 0-0
Лацио – Севилја 0-1
Олимпијакос – Динамо К. 2-2
Рапид В. – Интер 0-1
Рен – Бетис 3-3
Славија П. – Генк 0-0
Селтик – Валенсија 0-2
Бриж – Салцбург 2-1
Малме – Челси 1-2
Плзен – Динамо З. 2-1
Шахтер – Ајнтрахт Ф. 2-2
Спортинг Л. – Вилјареал 0-1
Цирих – Наполи 1-3

реваншите се играат идниот четврток