Фото: Игор Бансколиев

Македонија ќе игра во баражот за пласман на Светското првенство во Катар в година, откако со синоќешната победа над Исланд од 3-1, го освои второто место во групата Ј.

Во баражот, од европските квалификации, 12 репрезентации ќе се борат за три места во Катар. Познато е дека во доигрувањето покрај Македонија ќе бидат и Португалија, Шкотска, Русија, Шведска, Полска и Велс, како и Чешка и Австрија кои влегуваат  преку Лигата на нации.

Преостанатите учесници во баражот ќе бидат познати вечерва и утре, со што се одлучува помеѓу Италија или Швајцарија, Финска или Украина, односно Норвешка или Турција.

Десеттиот учесник ќе биде познат вечерва, тоа ќе биде Италија или Швајцарија, а последните два утре, тоа ќе бидат Финска или Украина, односно Холандија, Норвешка или Турција.

Ждрепката ќе се одржи на 26 ноември, по што 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи, а потоа ќе се игра полуфинале и финале.

Бараж-натпреварите ќе се играат на 24/25 март (полуфинале) и 28/29 март в година (финале).

Пласманот на Мундијалот ФИФА го наградува со 12 милиони евра.