Најтрофејниот клуб во фудбалската Лига Европа, петкратниот победник, шпанскиот прволигаш Севилја, во осминафиналето сезонава ќе се сретне со италијанската Рома. Така реши ждрепката влечена во седиштето на УЕФА. Другите двојки се Башакшехир – Копенхаген, Олимпијакос – Вулверхемптон, Глазгов ренџерс – Баер, Волфсбург – Шахтар, Интер – Гетафе, ЛАСК – Манчестер јунајтед и Ајнтрахт или Салцбург – Базел. Дуелите се предвидени за 12 и за 19 март.