Очекуваме околу 500.000 странски туристи во Русија за време на Светското фудбалско првенство. Многу региони за еден месец, за време на Мундијалот, ќе го исполнат годишниот план за број на туристи, изјави Алексеј Сорокин, генералниот директор на организацискиот комитет, пренесе „ТАСС“.
Мечевите треба да се играат во Москва, Санкт Петербург, Сочи, Казан, Саранск, Калининград, Волгоград, Ростов, Нижни Новгород, Екатеринбург и во Самара.