Со ребалансот на буџетот општината Битола ќе издвои 22 милиони денари, или над 360.000 евра за доградба на стдионот под „Тумбе кафе“. Ова беше заклучено на денешната седница на Советот, на која советниците расправаа за ребалансот на буџетот.

– Со ребалансот се издвојуваат уште 22 милиони денари за завршување на комплетниот изглед на трибината, а исто така и 6 милиони денари за поставување на нов систем на
греење во Спортската сала. Во програмата за спорт на почетокот на годинава имавме планирано да издвоиме околу 32 милиони денари за битолскиот спорт. Тоа беше најголемата програма за спортот што ја носи општина Битола. Но, малку беа тие пари и затоа со овој ребаланс даваме дополнителни 4 милиони денари да го потврдиме успехот на сите наши екипи, зашто ракометот е на највисоки можни рамки, фудбалот е стабилен прволигаш и овие 4 милиони денари ќе бидат за него и повторно да го гледаме фудбалот во Првата лига. Кошарката знаеме дека забележа успех. Сето тоа е успех на општината зашто ги потпомогнавме тие екипи. Ја продолживме изградбата на стадионот. Денес со овој ребаланс одвојуваме 22 милиони денари за да го завршиме комплетниот изглед на трибината која се гради, а тоа е за поставување на столчиња по сите стандарди што ги налагаат ФИФА и УЕФА. Околу 5.000 столчиња таму ќе бидат поставени до крајот на годината, а 6 милиони денари ќе бидат наменети за решавање на
проблемот со загревањето и ладењето на спортската сала „Боро Чурлевски“ – рече Илиевски. М.М.