Утрово, голема редица навивачи чекаше да направи ковид-тест на Меѓународниот аеродром Скопје пред да отпатуваат и да ја дадат поддршката за македонската  фудбалска репрезентација во првиот настан на Европското првенство во Букурешт, Романија.

Македонската репрезентација денес со почеток од 18 часот го игра својот прв натпревар во групната фаза против репрезентацијата на Австрија, а на стадионот фудбалерите ќе имаат поддршка од околу 2.000 македонски навивачи.