Интер по 19-ти пат е италијански шампион, откако Аталанта не успеа да победи кај Сасуоло (1-1) во мечот од 34-то коло на Серија А. Ова е прва шампионска титула за фудбалскиот клуб од Милано по славната 2010 година, во која стигна до тројната круна (првенство, куп и Лига на шампионите) под водство на Жозе Мурињо и со Горан Пандев во тимот.

Илјадници навивачи на Интер се собраа на централниот плоштад „Пјаца Дуомо“, и покрај барањата на клубот да се почитуваат ограничувањата поради пандемијата. Ова е четврта титула во Серија А за тренерот Антонио Конте, по трите кои ги освои со Јувентус.