Македонските навивачи кои допатуваа во Букурешт за да ја бодрат фудбалската репрезентација, направија одлична атмосфера во пресрет на дебито на „црвено-жолтите“ на големите фудбалски натпреварувања.

Ечи македонската песна и горат факели во главниот град на Романија, каде што македонската поддршка е гласна уште од синоќа, со што само се засилува пред почетокот на мечот.

Среќниците кои се во Букурешт со нетрпение го чекаат попладневниот дуел со Австрија на националната арена од 18 часот.