Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не пропушти да го пофали Маруан Фелаини за неговата пожртвувана игра.
Пред неколку дена, Белгиецот го реализира победоносниот гол за конечните 1:0 против Јанг Бојс во Лигата на шампионите.

– Мислам дека веќе ја добива потребната оценка на неговиот придонес. Пред да дојдам во клубот, тоа можеби не беше случај, но сега луѓето сфаќаат колку е важен. Секој знае дека Фелаини не е Марадона, но знае како може тој да ни помогне – изјави Мурињо на денешната прес-конференција.