Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис потврди за понудата на Манчестер Јунајтед за дефанзивецот Калиду Кулибали. Ова се случило пред разрешувањето на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо. Предлогот за трансфер на 27-годишниот дефанзивец вредел 95 милиони фунти.

Плановите на раководството за евентуално привлекување на Кулибали најверојатно се промениле по разделбата на Мурињо и 20-кратниот шампион на Англија.

– Мурињо го сакаше, а ние ја одбивме понудата од 95 милиони фунти, и сега е невозможно да го напушти Наполи – изјави претседателот на клубот од Неапол пред локалните медиуми.

Во септември, Кулибали потпиша нов долгорочен договор со Наполи.

Манчестер Јунајтед исто така е заинтересиран и за Тоби Алдерваирелд, кој игра за Тотенхем.