Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо призна дека неговата самодоверба е на ниско ниво поради безбројните критики кон неговата работа и постојаните шпекулации кога ќе биде разрешен од функцијата.

– Критиките влијаат на мене, јас сум исто така човек како и секој друг. Дефинитивно не сум задоволен од ваквата состојба на работите, но нема да си дозволам да пренесам некоја загриженост на играчите, прокоментира Мурињо пред гостувањето кај Челзи од деветтиот круг на Премиер лигата денес.

Португалецот беше пред разрешување и во неделата пред натпреварот против Њукасл, но тогаш фудбалерите на „црвените ѓаволи“ постигнаа целосен пресврт од 0:2 до 3:2 и го спасија својот менаџер.