Фото: Игор Бансколиев

Победите на мечевите со Ерменија и со Исланд, според пресметките, на црвено-жолтите им носат околу 24 бода и со вкупно бодовно салдо од 1.367 би биле на 67-то место на листата на ФИФА

ФУДБАЛ – ПО ДВЕТЕ ПОБЕДИ ВО НОЕМВРИ

Македонската репрезентација би можела да напредува за седум места на ноемвриската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), според пресметките објавени на специјализираните интернет-страници за изработка на листата.
Македонија во ноемвриските мечеви забележа две победи, над Ерменија на гости, со 5-0, и над Исланд дома, со 3-1, во квалификациите за пласман на Светското првенство (СП) в година во Катар. Двете победи, според пресметките, на црвено-жолтите им носат околу 24 бода и со вкупно бодовно салдо од 1.367, би биле на 67-то место на листата на ФИФА. Откако е воведен новиот начин на бодување, од 2018 година, тоа би бил најголем месечен скок на македонската репрезентација на листата на ФИФА.
Според најавите, Белгија би останала на првото место, но само со два бода пред Бразил (на листата во октомври разликата беше 12 бода). Франција би останала на третото место, сега четврта би требало да биде Англија, а до десеттото место се Аргентина, Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.