Македонскиот првак Шкендија ќе се сретне со подобриот од дуелот Црвена звезда – Спартак Трнава, во плјефот за фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), доколку успее да го елиминира австриски Салцбург во третата рунда од квалификациите. Ова е резултат од денешната ждрепка влечена во Нион, Швајцарија.

Шкендија, која досега беше подобра од ТНС (Велс) и Шериф (Молдавија), задутре му гостува на Салцбург во првата средба од двомечот. 

Македонскиот интернационалец Аријан Адеми со Динамо Загреб би можел да се сретне со швајцарски Јанг Бојс, ако хрватскиот шампион избори учество во плејофот по пресметката со Астана. Фенербахче на Елиф Елмас, пак, го очекува можно соочување со победникот од двомечот помеѓу ПАОК и Спартак Москва, на патот до групната фаза на ЛШ. Фенербахче игра против Бенфика во третото коло.

Првите мечеви од плејофот се закажани за 21/22 август, а реваншите за една седмица подоцна. 

Пат на шампионите: Салцбург/Шкендија – Црвена звезда/Спартак Т.; Карабах/БАТЕ Б. – ПСВ; Јанг бојс – Астана/Динамо З.; Малме/Видеотон – Селтик/АЕК.

Пат на нешампионите: Бенфика/Фенербахче – ПАОК/Спартак М.; Стандард/Ајакс – Славија П./Динамо К.