Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја отфрли првата понуда на актуелниот европски и светски шампион за продолжување на договорот.

Според „Телемадрид“ Хрватот чека поатрактивни услови, бидејќи Интер е подготвен да му понуди двојно подобар договор со плата од 10 милиони евра по сезона.

Актуелниот договор на Модриќ со Реал истекува во 2020 година, а мадридскиот клуб сега сака да се заштити од заминувањето на најдобриот фудбалер на светото за 2018 година.

Ако не успеат да се согласат за нов договор, Реал Мадрид може да го продаде Модриќ летото 2019, бидејќи една сезона потоа Модриќ ќе може да си замине како слободен играч.