Официјално најдобриот фудбалер во светот, Лука Модриќ изјави дека би сакал да ја заврши кариерата во Реал Мадрид и дека никогаш не се гледал себе си во друг тим.

– Никогаш не сум се гледал себе си надвор од Реал Мадрид. Би сакал тука да ја завршам мојата кариера, но ќе видиме што ќе се случи во иднина, бидејќи ова е клуб во кој се бара многу. Неопходно е да се оди чекор по чекор, од година во година, рече 33-годишниот Модриќ за шпанското радио „Кадена СЕР“.

По Мундијалот во Русија, каде што дојде до финалето со селекцијата на Хрватска, Модриќ беше поврзуван за трансфер во Интер, но до договор така и не дојде.

Модриќ има договор со „белите“ до 2020 година