Фудбалскиот сојуз на Италија пред почетокот на сезоната воведе ново правило. Тренерите, доколку не се суспендирани, ќе можат да ги водат своите тимови и преку телефонска линија. Примерите со Синиша Михајловиќ и Маурицио Сари се причината поради која Италијанците решиле да го сменат ова правило.

Тренерот на Болоња Михајловиќ се лекува од леукемија. Тој на Куп натпреварот со Пиза преку телефон комуницирал со своите помошници.

Од друга страна Сари поради пневмонија нема да може да седи на клупата на Јувентус во првите две кола (Парма и Наполи).

Промената на правилот им овозможува тие од болничките кревети да ги следат натпреварите на своите тимови и да комуницираат со помошниците.

Сезоната во Серија А започнува денес од 18 часот со натпреварот Јувентус-Парма.