Германскиот град Минхен и рускиот Санкт Петербург се кандидати за организација на финалето на фудбалската Лига на шампионите во 2021 година, објави Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

На стадионот на Баерн Минхен „Алијанц Арена“ се одигра завршницата во ЛШ во 2012 кога трофејот го освои Челзи совладувајќи ги на пенали токму Баварците.

Од друга стадионот „Крестовски“ н акој настапува Зенит беше изграден минатата година во функција за Светското првенство што се одржа во Русија.

За финалето во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување, Лига Европа во 2021 година кандидати за домаќини се Севиља, Виена, и Тбилиси, додека за Суперкупот конкурираат Белфаст, Харков, Минск и Хелсинки.

Финалето на Лигата на шампионите во следните две години се игра во Мадрид (Ванда Метрополитано) и Истанбул (Олимпискиот стадион). Завршниот дуел од Лига Европа во 2019 година е во Баку, една година подоцна во Гдањск. Суперкупот следните две години ќе се игра во Истанбул (Водафон) и во Порто.