Во мини-анкетата на „Нова Македонија“ учествуваа 22 спортиста, тренери и спортски работници од 13 спорта

Бразил ќе биде новиот светски првак. Тоа е епилогот по направената мини-анкета на весникот „Нова Македонија“, во која учествуваа 22 спортиста, тренери и спортски работници од вкупно 13 спорта (фудбал, ракомет, кошарка, куглање, пливање, борење, шах, карате, кајак, бокс, скијање, кикбокс, скијање, стрелаштво) и еден претставник од Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Притоа Бразил доби убедливо најмногу гласови, девет, или 40 отсто од испитаниците. Следуваат Португалија и Германија со по три гласа (13,6 отсто), по два гласа добија Русија и Шпанија (10 отсто), а по еден за освојување на победничкиот пехар на СП, Франција, Хрватска и Аргентина.