Фото: ФФМ

Македонскиот селектор, Благоја Милевски не го криеше разочарувањето од поразот од Германија (0-4) во квалификациите за Светското првенство во Катар в година, но потсети дека Македонија создава нова фудбалска генерација.

Тој исто така им се извини на навивачите кои и покрај лошото време дојдоа на националната арена „Тодор Проески“ за да ја поддржуваат Македонија.

– Благодарност и извинување до публиката, бидејќи беше прекрасно да се биде на терен, но одигравме лошо и полно со грешки. Не се откажуваме од квалификациите и ќе се обидеме да ја искористиме шансата до крајот на истите. Но, ние сме во фаза на создавање на нова генерација за следниот квалификациски циклус – истакна Милевски.

Македонија моментно е на третата позиција на табелата во групата Ј со 12 бода, зад Романија која има 13 и Германија со 21 бод. До крајот на квалификациите избраниците на Милевски гостуваат кај Ерменија на 11 ноември и го пречекуваат Исланд три дена подоцна.