Фото: Маја Јаневска-Илиева

Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние, изјави селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, за сајтот на ФФМ, по добивањето на Италија за противник во баражот за пласман на Светското првенство во Катар в година.

Милевски посочи оти го цени противничкиот селектор Роберто Манчини, под чие водство смета дека гледаме „една нова, модерна фудбалска Италија“, но нагласува дека Македонија има свои квалитети.

– Италија е актуелен европски првак. Имаме голема почит за противникот и за нивниот селектор. Многупати сум напоменал дека го ценам како селектор и како тренер. Сметам дека е најзаслужен за европската титула на Италија. Под негово водство, сведоци сме на една нова, модерна фудбалска Италија која ги надминува стереотипите базирани само на дефанзива. Играат сосема поинаков фудбал, тоа ги отежнува работите за сите нивни противници, сега и за нас се разбира, но мора да се прилагодуваме на предизвиците. Македонија има свои квалитети, нѐ случајно сме во баражот и ќе се потрудиме да бидеме конкурентни и на овој натпревар – заклучува Милевски во изјава за сајтот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).