Италијанскиот фудбалски прволигаш Милан на својата официјална веб-страница го објави создавањето на женски фудбалски тим.

За оваа цел „росо-нерите“ ја купија лиценцата на клубот Бреша и со тоа се стекнаа со право за настап во женската серија А.

Бреша во својата историја два пати ја освои Серија А, а три пати победи на Купот на Италија.

Мината година сличен потег направи и Јувентус кој ја купи лиценцата на клубот Кунео. Токму женската екипа на Јувентус изминатата сезона стана шампион пред второпласираната Бреша.