Лионел Меси во 12-тата сезона по ред постигнува барем 20 гола во шпанската фудбалска Ла лига, откако постигна еден гол во победата на Барселона во првиот меч од продолжувањето на сезоната во таа земја, на гости кај Мајорка, со 4-0. Покрај 20-те гола, Меси има и 14 асистенции сезонава. Барселона пред мечот синоќа на Реал Мадрид со Еибар е прва на табелата, со пет бода предност пред Реал.