Фуд­ба­лот и спор­тот во­оп­што ќе би­дат за­сег­на­ти. Фи­нан­си­ски, за­тоа што има мно­гу ком­па­нии по­вр­за­ни со све­тот на спор­тот, со мно­гу вра­бо­те­ни. Но и про­фе­си­о­нал­но, со вра­ќа­ње­то на тре­нин­зи­те и на мечевите, без пуб­ли­ка, сѐ она што бе­ше нор­мал­но по­ра­но, се­га ќе би­де со­се­ма по­и­на­ку. Тоа ќе би­де чуд­на си­ту­а­ци­ја на ко­ја ќе тре­ба да се прис­по­со­бу­ва­ме, из­ја­ви Ме­си во ин­терв­ју­то за вес­ни­кот „Ел па­ис“

Суперѕвездата на шпанскиот прволигаш Барселона, Лионел Меси, смета дека фудбалот „како и животот, никогаш повеќе нема да биде ист“ поради пандемијата на коронавирусот. Меси вели дека не е баш лесно да се фокусира на фудбалот со оглед на огромното влијание на коронавирусот и верува дека фудбалот, како и сѐ друго, ќе мора да се соочи со огромни промени.
– Фудбалот, како животот воопшто, мислам дека никогаш нема да биде ист. Повеќето од нас остануваат со сомнежи за тоа каков ќе биде светот по сѐ што се случи. Многу луѓе беа на големи маки, бидејќи целата ситуација влијаеше врз нив на повеќе начини. Сите што ја доживеавме оваа состојба, на еден или на друг начин, ќе се сеќаваме на неа. Во мојот случај тоа е чувството на тага и на фрустрација за оние што ги загубија најблиските – изјави Меси во интервјуто за весникот „Ел паис“.
Натпреварите од продолжението од фудбалската сезона во Шпанија ќе се играат без публика, што е една од многубројните последици предизвикани од кризата со пандемијата.

– Сигурен сум дека фудбалот и спортот воопшто ќе бидат засегнати. Финансиски, затоа што има многу компании поврзани со светот на спортот, со многу вработени. Но и професионално, со враќањето на тренинзите и на натпреварите, без публика, сѐ она што беше нормално порано, сега ќе биде сосема поинаку. Тоа ќе биде чудна ситуација на која ќе треба да се приспособуваме – вели Меси.
Меси донира повеќе од еден милион евра во болниците и во добротворни цели за борбата против коронавирусот, во Каталонија, каде што живее многу години, и во родната Аргентина.

– Благодарен сум им на сите луѓе што се борат да го победат овој вирус во болниците, здравствените центри и во домовите за нега. Целата ситуација нѐ изненади и нѐ погоди сите, но многу луѓе беа директно засегнати. Тие загубија членови од семејството, пријатели од кои не беа во можност да се збогуваат. Имаше многу негативни работи што произлегоа од оваа криза, но нема нешто полошо од губењето на најблиските – истакна Меси.

Меси и колегите од Барселона тренираат речиси еден месец, прво индивидуално, а од вчера имаат дозвола од шпанската влада да почнат и со колективните тренинзи.
Во шпанската Ла лига останаа да се доиграат уште 11 кола сезонава. Барселона е на врвот на табелата со два бода предност пред најголемиот ривал, Реал Мадрид.