Аргентинецот Лионел Меси продолжува со рекордните фудбалски постигнувања. На мечот против Алавес, тој уште еднаш стигна до бројката од 50 гола во една календарска година. Меси беше стрелец во победата на Барселона (4-1), што беше негов 50-ти гол годинава (се сметаат клупските и репрезентативни настапи), а дури деветпати тоа му успеа во последните 10 години. Со тоа тој на маестрален начин ја комплетира фудбалската деценија со вкупно 579 гола, нешто што фудбалскиот свет досега не го видел.

Апсолутниот рекорд Меси го постави во 2012 година, кога постигна 91 гол. Во 2010-та даде 60, а една година подоцна 59. Тоа не му успеа единствено во 2013 година, кога даде „само“ 45 гола.
Меси годинава по шести, рекорден пат, ја доби „златната топка“, ФИФА го прогласи за најдобар фудбалер, а беше и златна копачка на Европа.


Голови по сезона
2010 60
2011 59
2011 91
2013 45
2014 58
2015 52
2016 59
2017 54
2018 51
2019 50