Напаѓачот на Барселона и на аргентинската репрезентација Лионел Меси е најплатениот фудбалер на светот.

Тој оваа сезона заработил 126 милиони евра, а во оваа сума влегува платата, премиите и приходите од реклами.

На второ место е напаѓачот на Реал Мадрид и селекцијата на Португалија Кристијано Роналдо, со 94 милиони евра.

Трет е напаѓачот на ПСЖ и на репрезентацијата на Бразил Нејмар, со 81,5 милиони.