На фудбалскиот меч Барселона – Валјадолид (5-1), Лионел Меси постигна два гола, од кои еден од слободен удар, за него 50-ти во кариерата. Од тие 50 гола, 44 се за каталонскиот тим, а шест за Аргентина. На првенствените мечеви Меси постигна 33 вакви гола (најмногу на Еспањол, шест), пет во ЛШ, три во „кралскиот куп“, два во Суперкупот на УЕФА и еден во шпанскиот суперкуп. Од сезоната 2016/2017, Меси постигна 16 гола од слободен удар, 10 повеќе од кој било фудбалер во петте најсилни европски лиги.