Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез ја советуваше индиректно ѕвездата на својот тим, Еден Азар да не преминува во Реал Мадрид, туку да остане во Челзи, каде што е силно сакан од фановите.

– Не знам дали новиот предизвик ќе му биде од корист. Тој знае колку го сакаат во Челзи. Помеѓу него и Сари има хемија. Еден доживува задоволство од тоа да игра во Челзи. Тој достигна исклучително ниво во овој клуб. Не е јасно дали новиот предизвик ќе му биде корисен. Сигурен сум дека тој може да се развие уште повеќе во Челзи – изјави селекторот на „црвените ѓаволи“.