Шпанецот Роберто Мартинез може да стане првиот селектор-странец со титула на некое светско првенство (СП) во фудбал. Во сите претходни 20 мундијали светскиот првак бил предводен од домашен селектор.
Мартинез е селектор на Белгија. Тој е првиот селектор-странец во полуфинале на СП од 2006 година, кога Бразилецот Луис Фелипе Сколари ја предводеше Португалија до полуфиналето.
Селектори на другите три полуфиналисти на СП 2018 се домашни тренери, и тоа Дидие Дешам (Франција), Герет Саутгејт (Англија) и Златко Далиќ (Хрватска).