Еден од најискусните фудбалер на Реал Мадрид, Марсело, ја преиспитал својата иднина и одлучил дека сака да остане на „Сантјаго Бернабеу“. Само пред неколку недели, додека Сантијаго Солари беше на чело на тимот, тој беше подготвен да замине и да се пресели во Јувентус.

Имаше дури и информации за состанокот меѓу него и претседателот Флорентино Перез, на кој се дебатирало за начинот на кој неговата разделба ќе се случи и ќе се пресели во гигантот од Торино. Но, со отстранување на Аргентинецот, левиот бек одлучил дека не сака да замине.

Тој има договор до 30 јуни 2022 година, кога веќе ќе има 34 години. Бразилецот повеќепати тврдел дека сака да ја заврши кариерата во белиот дрес, а со Зинедин Зидан на тренерската клупа не гледа причина зошто да не го стори тоа.

Самиот француски стратег има огромна доверба во дефанзивецот и му објавил дека го сака во своите редови и за новата сезона.