Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Армандо Марадона, е именуван за директор на Динамо од Брест, соопшти белорускиот клуб.

Марадона потпиша тригодишен договор со желба да му помогне на Динамо да го прекине 12 годишното владеење на БАТЕ Борисов во Белорусија.