Роберто Манчини/Фото: УЕФА

Ова е многу тешка ждрепка за нас, кажа италијанскиот селектор Роберто Манчини по извлекувањето на двојките од баражот за пласман на Светското првенство во Катар в година.

– Северна Македонија е многу добра, а ако победиме, гостуваме кај победникот помеѓу Португалија и Турција – кажа италијанскиот стратег во првата изјава по добивањето на Македонија за ривал во плејофот.

Македонија оди кај европскиот првак на тешкиот пат до Катар

Италија и Македонија се сретнаа и во квалификациите за претходниот Мундијал во 2018 година. „Аѕурите“ во Скопје славеа со пресврт 3-2, откако Македонија водеше 2-1, а вториот натпревар во Торино заврши нерешено 1-1.

Избраниците на Благоја Милевски ќе гостуваат во Италија во полуфиналето на 24 март идната година. Ако Македонија успее да ги елиминира „аѕурите“, во финалето ќе гостува кај подобриот од дуелот помеѓу Португалија и Турција на 29 март в година. Победниците на финалните мечеви ќе изборат учество на СП 2022.