Манчестер Јунајтед ќе му ја зголеми платата на Маркус Рашфорд двапати. Новата плата на играчот може да достигне 150 илјади фунти неделно, пишува „Дејли Стар“.

Таквата мерка може да се преземе за да се убеди фудбалерот да остане во тимот.

За него интерес покажува Јувентус кој веќе почнал да собира информации за неговиот карактер и опкружување.

Во блиска иднина, извршен директор на Јунајтед, Ед Вудворт треба да започне преговори со Рашфорд.

Дваесет и едногодишниот Маркус го имаше своето деби во МЈ во 2016 година. Оттогаш во дресот на „црвените ѓаволи“ тој одигра 132 натпревара, постигна 34 гола и запиша 18 асистенции.

За англискиот национален тим одигра 31 натпревар и постигна шест погодоци.