Раководството на Манчестер јунајтед ја одби понудата на Барселона за купување на фудбалерот Пол Погба.

Шпанскиот клуб за трансферот на Погба понудил 50 милиони евра, како и правата за фудбалерите Јери Мина и Андре Гомеш.

Но, раководството на Јунајтед и тренерот Жозе Мурињо не ја прифатија понудата бидејќи очекуваат францускиот репрезентативец во следните сезони да има значајна улога во тимот.

Погба во 2016 година од Јувентус се врати во Јунајтед со трансфер вреден 105 милиони евра, а потпиша договор со важност до 2021 година.