Манчестер јунајтед го издржа второто полувреме во кое фудбалерите на Партизан имаа повеќе од играта и повеќе изгледни шанси за да стигне до 1:0 победа во меч од Лига Европа, што претставува прва гостинска победа на „ѓаволите“ од март оваа година кога го шокираа Пари-Сен Жермен во меч од ЛШ.

До победата Јунајтед стигна со гол од пенал кога во 43. минута Антони Марсијал беше прецизен од белата точка. По ова, во второто полувреме фудбалерите на Партизан имаа повеќе од играта, но не успеаја да стигнат до погодок. Со победата Јунајтед остана на првото место во групата Л со 7 поени пред АЗ Алкмар со 5 (по нивната убедлива победа од 5:0 над Астана) и Партизан со 4 поени.