Лионел Меси

Во анализата на ЦИЕС се влезени сите 42 клуба од петте лиги што од 2010 година постојано се во најсилната лига на соодветната земја

Ниту еден фудбалер (во овие пресметки не се голманите) нема поголем процент на одиграни минути во петте најсилни домашни првенства во Европа (Англија, Шпанија, Франција, Германија и Италија) од 2010 година досега од Лионел Меси од Барселона, покажа анализата на Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) од Швајцарија. Аргентинецот бил на теренот 83,4 отсто од вкупниот број минути што Барселона ги играла во шпанското првенство.

Вкупно, ова е втор резултат, веднаш зад процентот на голманот Стив Манданда, со 84,2 отсто минути во дресот на Марсеј. Во анализата на ЦИЕС се влезени сите 42 клуба од петте лиги што од 2010 година постојано се во најсилната лига на соодветната земја.

Играчи со над 70 отсто одиграни минути, а водечки во своите клубови, се Стефан Руфие (Сент Етјен, 80,9 проценти), Давид де Геа (Манчестер јунајтед, 77,1), Томас Милер (Баерн, 76,6), Серхио Рамос (Реал Мадрид, 74,2), Марек Хамшик (Наполи, 72,8), Виторино Хилтон (Монпелје, 72,6), Самир Хандановиќ (Интер, 71,3), Диего Годин (Атлетико Мадрид, 71,0) и Лејтон Беинс (Евертон, 70,6).

Во некои други клубови водечки се, на пример, Леонардо Бонучи во Јувентус (68,6 проценти), Давид Силва во Манчестер сити (68) Уго Лорис во Тотенхем (65,5), Церзар Аспиликуета во Челси (63,8), Џордан Хендерсон во Ливерпул (56,3), Тијаго Силва во ПСЖ (49,6) итн.


ВОДЕЧКИ ВО НЕКОИ КЛУБОВИ
ФУДБАЛЕР КЛУБ ПРОЦЕНТ
Стив Манданда Марсеј 84,2
Лионел Меси Барселона 83,4
Стефан Руфие Сент Етјен 80,9
Давид де Геа Манчестер J. 77,1
Томас Милер Баерн 76,6
Серхио Рамос Реал Мадрид 74,2
Марек Хамшик Наполи 72,8
Виторино Хилтон Монпелје 72,6
Самир Хандановиќ Интер 71,3
Диего Годин Атлетико М 71,0
Лејтон Беинс Евертон 70,6
во третата колона е процентот на одиграни минути во мечевите во петте најсилни домашни првенства во Европа, од 2010 година
Извор: ЦИЕС