Елиф Елмас со Наполи ќе игра против шпанска Барселона, додека Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо ќе се соочат против уште еден ривал од Шпанија, Севилја, а Бобан Николов со Шериф ќе се сретне со португалска Брага во првото коло од нокаут-фазата на Лига Европа. Ова е резултат од ждрепката влечена денеска во Нион, Швајцарија.

Екипите кои завршија на првите позиции во своите групи од Лига Европа ќе ја прескокнат првата рунда од нокаут-фазата и ќе ги чекаат победниците од двојките од шеснаесеттинафиналето.

Шеснаесеттинафинале, Лига Европа

Севилја – Динамо Загреб
Аталанта – Олимпијакос
Лајпциг – Сосиедад
Барселона – Наполи
Зенит – Бетис
Борусија Дортмунд – Глазгов Ренџерс
Шериф – Брага
Порто – Лацио

Првите натпревари се играат на 16 февруари, реваншите се седум дена подоцна.


Партизан ќе игра против Спарта Прага во Конференциската Лига

УЕФА ги извлече двојките за плејофот во Конференциската лига, според кои беградски Партизан ќе игра против Спарта Прага.

Првите натпревари се закажани за 17 февруари в година, реваншите се една недела подоцна.

Шеснаесеттинафинале, двојки

Марсеј – Карабах
ПСВ Ајндховен – Макаби Тел Авив
Фенербахче – Славија Прага
Митјиланд – ПАОК
Лестер – Рандерс
Селтик – Бодо Глимт
Спарта Прага – Партизан
Рапид Виена – Тотенхем/Витесе