Фото: Игор Бансколиев

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас високо котира на листата на најскапите фудбалери до 23 години што ја објави Институтот за фудбалска историја и статистика (ЦИЕС).

ЦИЕС го процени Елмас на 70.000.000 евра. На неговата позиција, централен играч во редот за врска, поголема вредност има само Џуд Белингем од Борусија Дортмунд (120.000.000 евра), додека иста вредност како Елмас имаат Куртис Џонс од Ливерпул и Деклан Рајс од Вест Хем.

Меѓу најскапите десетмина се и Едуард Камавинга од Реал Мадрид (50.000.000 евра), Сандро Тонали од Милан и Орелиен Чуамени од Монако (двајцата по 40.000.000 евра), односно Конор Галахер од Кристал палас и Пепе Матар Сар од Мец кои се проценети на 30.000.000 евра.

Според ЦИЕС, најскапиот тим од играчи до 23 години изгледа вака.

Донамура (ПСЖ, 80.000.000 евра) – Дест (Барселона, 100.000.000 евра), Гаврдиол (Лајпциг, 80.000.000 евра), Гарсија (Барселона, 80.000.000 евра), Алфонсо Дејвис (Баерн, 140.000.000 евра) – Џонс (Ливерпул, 70.000.000 евра), Белингем (Дортмунд, 120.000.000 евра), Вирц (Леверкузен, 140.000.000 евра) – Винисиус (Реал, 150.000.000 евра), Гринвуд (манчестер јунајтед (140.000.000 евра), Халанд (Дортмунд, 150.000.000 евра).