Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија убедливо го совлада Лихтенштајн со 4-0 на вечерашното гостување во Вадуц, со што останува во игра за освојување на местата во групата Ј што водат Светското првенство в година во Катар.

Дарко Велковски го отвори резултатот во 40-та минута, додека во второто полувреме погодија и Езѓан Алиоски од пенал, Бобан Николов и Дарко Чурлинов. Ова е прва победа на „црвено-жолтите“ под водство на селекторот Благоја Милевски, по трите нерешени резултати против Ерменија, Исланд и против Романија.

Во останатите вечерашни дуели од групата Ј, Германија ја совлада Романија 2-1 со пресврт, додека Ерменија ремизираше на гости кај Исланд 1-1.

Македонија моментно се наоѓа на втората позиција на табелата со 12 бодови колку што има и третопласираната Ерменија, додека водечката Германија досега собра 18 поени.

Избраниците на Благоја Милевски во следниот квалификациски дуел ја пречекуваат Германија в понеделник.

На Мундијалот в година ќе играат победниците на десетте квалификациски групи, а во баражот, за уште три места на СП, ќе настапат второпласираните од групите од квалификациите и две најдобри меѓу победниците на групите во Лигата на нациите, а кои не обезбедиле директен пласман на СП 2022 или биле втори во квалификациите.