Фото: Игор Бансколиев

Македонската фудбалска репрезентација ќе и се спротивстави на Грузија во формација 3-4-1-2, во вечерашниот меч во Тбилиси за пласман на Европското првенство в година.

Стандардниот Столе Димитриевски ќе го брани голот, додека селекторот Игор Ангеловски одлучи да игра со тројца стопери – Егзон Бејтулаи, Дарко Велковски и Висар Муслиу.

Аријан Адеми, чиј настап беше неивесен, исто така е меѓу почетните единаесетмина, заедно со Стефан Ристовски, Бобан Николов и со Езџан Алиоски во средниот ред. Нападот ќе го предводат капитенот Горан Пандев и Илија Несторовски, додека веднаш зад нив е Елиф Елмас, во тројката која доаѓа од италијанската Серија А.