ГРУПА Ј Македонија - Ерменија 0-0 Лихтенштајн - Германија 0-2 Исланд - Романија 0-2 ТАБЕЛА Ерменија 4 3 1 0 6-2 10 Германија 4 3 0 1 7-2 9 Македонија 4 2 1 1 9-4 7 Романија 4 2 0 2 7-6 6 Исланд 4 1 0 3 4-8 3 Лихтенштајн 4 0 0 4 1-12 0 Идно коло (утре): Исланд - Македонија (18 ч.), Германија - Ерменија (20.45 ч.), Романија - Лихтенштајн (20.45 ч.).

ФУДБАЛ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022

Македонската репрезентација на четирите досегашни меча со Исланд забележа две победи и по едно реми и пораз. Двете селекции во претходните неколку години дебитираа на големата сцена, Исланд на ЕП 2016 и на СП 2018, а Македонија годинава првпат настапи на ЕП. Исланд годинава одигра седум средби, само една дома (загуби од Романија пред два дена), а забележа две победи (со Лихтенштајн во квалификациите и со Фарски Острови во тест-меч)

Македонската фудбалска репрезентација со ремито дома со Ерменија, 0-0, остана во трка за висок пласман во групата Ј, од квалификациите за пласман на Светското првенство (СП) в година во Катар. Црвено-жолтите во петтото коло, утре, гостуваат кај Исланд (18 часот), кој во 4. коло дома загуби од Романија со 0-2. Во меч без многу шанси, Македонија и Ерменија третпат ремизираа во меѓусебните дуели (имаат и по четири победи), вторпат во Скопје и првпат без голови (претходните две ремија 2-2).
За македонската репрезентација следува дуел со селекцијата на Исланд, со која има позитивен меѓусебен резултат од четирите досегашни натпревари (две победи и по едно реми и пораз, со вкупна гол-разлика 4-2). Тоа ќе биде прво гостување на македонската репрезентација на Исланд по 2008 година.

Двете селекции во претходните неколку години дебитираа на големата сцена, Исланд прво на Европското првенство (ЕП) во 2016 година, две години потоа и на Светското првенство, а Македонија годинава првпат настапи на континенталните првенства. Од составот на Исланд на Мундијалот во 2018 година сега во репрезентацијата се, на пример, голманот Ханес Халдорсон (76 меча за Исланд), потоа одбранбените играчи Биркир Сиварсон (99 натпревари), Кари Арнасон (89 средби) и Ари Скуласон (79 меча), плејмејкерите Биркир Бјарнасон (99 натпревари) и Јохан Гудмундсон (80 меча)… Исланд годинава одигра седум натпревари, само еден дома, тој со Романија пред два дена, а забележа две победи (Лихтенштајн со 4-1 во квалификациите за СП и Фарски Острови со 1-0 во тест-меч), едно реми (со Полска 2-2 во пријателска средба) и четири порази (Германија 0-3, Ерменија 0-2, Романија 0-2 и во тест-дуел од Мексико 1-2).

По четири кола во групата Ј, Ерменија води со 10 бода, а потоа се Германија со девет, Македонија со седум, Романија со шест, Исланд со три и Лихтенштајн без бодови. На СП 2022 ќе се пласираат победниците на десетте квалификациски групи, како и три селекции од баражот во кој ќе настапат 12 репрезентации, и тоа десетте второпласирани во групите од квалификациите и уште две репрезентации од победниците на групите во Лигата на нациите, кои не се пласирале на СП или не обезбедиле место во баражот низ редовните квалификации.


ГРУПА Ј
Македонија – Ерменија 0-0
Лихтенштајн – Германија 0-2
Исланд – Романија 0-2

ТАБЕЛА
Ерменија 4 3 1 0 6-2 10
Германија 4 3 0 1 7-2 9
Македонија 4 2 1 1 9-4 7
Романија 4 2 0 2 7-6 6
Исланд 4 1 0 3 4-8 3
Лихтенштајн 4 0 0 4 1-12 0
Идно коло (утре): Исланд – Македонија (18 ч.), Германија – Ерменија (20.45 ч.), Романија – Лихтенштајн (20.45 ч.).