Во рамките на квалификациите за Европското првенство 2020 година, репрезентацијата на Македонија доживеа вечерва пораз од Полска со краен резултат  0:1. Голот за Полска го постигна Кжиштоф Пјонтек во 47-та минута. Следен противник со кој ќе се соочи македонскиот тим в понеделник е Австрија на арената „Тодор Проевски“.