Македонската фудбалска репрезентација натпреварот против Косово од баражите за пласман на Европското првенство во 2021 година ќе го одигра на 4 јуни на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.

Финалниот натпревар ќе се одигра на 9 јуни, а домаќин ќе биде подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија, соопшти денеска УЕФА.

Европската куќа на фудбалот, претходно го одложи Европското првенство на една година. Наместо од 12 јуни до 12 јули оваа година, најголемото репрезентативно натпреварување ќе се игра од 11 јуни до 11 јули наредната година.