Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк, носејќи медицинска опрема и маски, како помош за САД во борбтата против коронавирусот.

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот, понудил медицинска помош. Помошта се состои од 60 тони вентилатори, маски, респиратори и друга опрема.

Во САД досега 215.300 луѓе се инфицирале со ковид-19, од кои и над 5.110 смртни случаи, 8.878 оздравеле.