Фото: Игор Бансколиев

Можни ривали на Македонија се Турција, Словачка, Бугарија, Северна Ирска, Литванија, Грузија, Азербејџан, Косово, Гибралтар, Фарските Острови, како и Казахстан или Молдавија и Кипар или Естонија. Првото издание на ЛН донесе пласман на ЕП 2020 за четири селекции, а второто донесе пласман во баражот за СП 2022 за две селекции. Форматот за квалификациите за ЕП 2024 уште не е потврден, вклучувајќи какви било детали за тоа како би можеле репрезентациите да освојат места во плејофот преку ЛН од сезоната 2022/2023, а системот за натпреварување за ЕП 2024 се очекува да биде објавен до јуни 2022 година

ФУДБАЛ – ДЕНЕСКА ЖДРЕПКА ЗА ТРЕТАТА СЕЗОНА НА ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ

Ждрепката за третото издание на Лигата на нациите (ЛН) за сезоната 2022/2023, во која ќе бидат вклучени 55-те земји-членки на Европската фудбалска унија (УЕФА), меѓу нив и Македонија, ќе биде влечена денеска попладне (од 18 часот) во Нион, Швајцарија. Селекциите се поделени во четири лиги врз основа на резултатите во ЛН во сезоната 2020/2021. Во лигите А, Б и Ц ќе има по 16 репрезентации што ќе бидат поделени во по четири групи. Преостанатите седум селекции, во лигата Д, ќе бидат поделени во две групи.
Македонија е во лигата Ц. Репрезентациите за ждрепката се поделени во четири барабани. Во првиот се Турција, Словачка, Бугарија и Северна Ирска, кои испаднаа од лигата Б во минатото издание на ЛН. Во вториот барабан се Македонија, Грција, Белорусија и Луксембург, во третиот се Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово, а во четвртиот се победниците на групите во лигата Д, Гибралтар и Фарските Острови, како и победниците на баражите за опстанок, кои на програмата се во март в година, а двојките се Казахстан – Молдавија и Кипар – Естонија.
Во првото издание на ЛН, во сезоната 2018/2019, Македонија почна во најниската, лига Д, во групата 4 со Ерменија, Гибралтар и со Лихтенштајн и го освои првото место (ефект пет победи и еден пораз, гол-разлика 14-5). Тоа значеше пласман во лигата Ц и настап во плејофот низ кој Македонија се пласира на Европското првенство (ЕП) 2020, што се одржа годинава. Во второто издание на ЛН, во сезоната 2020/2021, Македонија во лигата Ц, група 2, беше втора, зад Ерменија, а пред Грузија и пред Естонија со ефект од две победи, три ремија и еден пораз и вкупна гол-разлика 9-8.
Во првото издание, Лигата на нациите за четири селекции донесе пласман на Европското првенство (Македонија, Унгарија, Словачка и Шкотска), а во второто на две репрезентации (Австрија и Чешка) им донесе пласман во баражот за настап на Светското првенство в година во Катар. Форматот за квалификациите за Европското првенство во 2024 година во Германија уште не е потврден, вклучувајќи какви било детали за тоа како репрезентациите би можеле да освојат места во плејофот преку Лигата на нациите од сезоната 2022/2023, а системот за натпреварување за ЕП 2024 се очекува да биде одобрен и објавен до јуни 2022 година, пишува УЕФА на својата интернет-страница.
Прв победник во ЛН беше Португалија, која во финалето ја совлада Холандија (1-0), во Порто, на турнирот на кој беше домаќин. Во второто издание на ЛН годинава на завршницата што се одржа во Италија, победи Франција, која во финалето во Милано ја совлада Шпанија (2-1).


Четири кола во јуни

Првите четири кола на фудбалската Лига на нациите за сезоната 2022/2023 се од 2 до 14 јуни 2022 година, а петтото и шестото коло од 22 до 27 септември 2022 г. Полуфиналиња се предвидени за 14 и 15 јуни 2023 година, а финалето и натпреварот за третото место на 18 јуни 2023 година. Мечевите за опстанок на програмата се од 21 до 26 март 2024 година.


СОСТАВ НА БАРАБАНИТЕ

Лига А
Прв барабан: Франција, Шпанија, Италија, Белгија. Втор барабан: Португалија, Холандија, Данска, Германија. Трет барабан: Англија, Полска, Швајцарија, Хрватска. Четврти барабан: Велс, Австрија, Чешка, Унгарија.
Лига Б
Прв барабан: Украина, Шведска, БиХ, Исланд. Втор барабан: Финска, Норвешка, Шкотска, Русија. Трет барабан: Израел, Романија, Србија, Република Ирска. Четврти барабан: Словенија, Црна Гора, Албанија, Ерменија.
Лига Ц
Прв барабан: Турција, Словачка, Бугарија, С. Ирска. Втор барабан: Македонија, Грција, Белорусија, Луксембург. Трет барабан: Литванија, Грузија, Азербејџан, Косово. Четврти барабан: Гибралтар, Фарски Острови и победниците во плејаутот, Казахстан – Молдавија и Кипар – Естонија.
Лига Ц
Прв барабан: Лихтенштајн, Малта и поразените во плејаутот Казахстан – Молдавија и Кипар – Естонија. Втор барабан: Летонија, Сан Марино и Андора.