Реал Мадрид славеше со 2:1 против Баерн Минхен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, што вечерва се играше на Алијанс арената во Минхен.

Поведе Баерн со голот на Кимих во 28 минута, а изедначи Марсело со удар од работ на шеснаесетникот во 44 минута.

Конечниот резултат го постави Марко Асенсио по една брза контра во 57 минута.