Францускиот фудбалски клуб Лион поднесе неколку жалби против Олимпик од Марсеј заради штетата направена на стадионот за време на финалето на Лига Европа.

Лион навел подолг список со оштетувања на стадионот, кои опфаќаат врати, светилки и систем за видео надзор.

Клубот соопшти и дека е потребна замена на 105 седишта оштетени на делот на трибините каде што навивачите на Олимпик го следеле финалето против Атлетико Мадрид, кое нивниот тим го загуби со 3:0.

Од некои продавници на стадионот е украдена роба, а пиротехниката која навивачите на Олимпик ја фрлија пред почетокот на мечот, довело до „значителни оштетувања“ на покривот на стадионот.

Лион и Марсеј се големи ривали во француското првенство и присутна е нетрпеливост меѓу навивачите на двата клуба.